Преносно значење - категорија

жаба повеќе

мн. жаби
Вид збор: Именка, женски род
Погрдно, иронично обраќање кон некое лице.
Англиски: frog Албански: bretkocë
Примери:
Уште тебе те чекаат тука, жабо крастава.

жар повеќе

мн. жарови
Вид збор: Именка, женски род
страст, занес
Англиски: passion Албански: zjarr, pasion
Примери:
Во неа тлее љубовната жар.

жари повеќе

жарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ја надразнува кожата предизвикувајќи црвенило и јадеж.
Англиски: irritate Албански: djeg
Примери:
Копривата жари.
Опфатен е од силно чувство.
Англиски: blaze Албански: mbuluar
Примери:
Во нас жарат силни желби.
(се жари) се црвенее, се руменее
Англиски: redden Албански: skuqet
Примери:
Од праведниот гнев лицето ми се жареше.

жариште повеќе

мн. жаришта
Вид збор: Именка, среден род
Главно, централно место на нешто; центар на нешто.
Англиски: focus Албански: votër, fokus
Примери:
Охрид е жариште и расадник на словенската писменост.

жеволи повеќе

жеволат
Вид збор: Глагол, несвршен
Преживува, живурка, живее тешко.
Англиски: exist Албански: rroj
Примери:
Црно, бело, ама мора да се жеволи, да се турка напред.

жегне повеќе

жегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Засегне, гибне, боцне некого.
Англиски: touch Албански: prek
Примери:
Тоа ме жегна в срце.

жед повеќе

(едн.) жедта
Вид збор: Именка, женски род
Желба, копнеж за некого или за нешто.
Англиски: thirst Албански: etje
Примери:
Жед за слободен живот.

жеден повеќе

жедниот
Вид збор: Придавка
Што има голема желба за нешто.
Англиски: thirsty
Примери:
Тој беше жеден за знаење.

жеднее повеќе

жеднеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Копнее за некого или нешто.
Англиски: thirst Албански: etem, kam etje
Примери:
Многумина жеднееја за поубав живот.

жедник повеќе

мн. жедници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што има желба, што копнее за нешто.
Албански: i etshëm, etës
Примери:
Жедник за одмазда.

жеже повеќе

жежат
Вид збор: Глагол, несвршен
Предизвикува болка или некое друго непријатно чувство.
Англиски: burden Албански: djegë
Примери:
Очите му жежеа, а главата страшно го болеше.

жежок повеќе

жешки
Вид збор: Придавка
Што е страстен, пламенен.
Англиски: passionate
Примери:
жешка љубов

железен повеќе

железниот
Вид збор: Придавка
Што е силен, јак како железо.
Англиски: strong Албански: i fuqishëm
Примери:
Навистина ли има железни раце?

жетва повеќе

мн. жетви
Вид збор: Именка, женски род
Плодови, резултати од трудот.
Англиски: yield Албански: të ardhura
Примери:
Нашата генерација ја жнее жетвата на многу пред нас.

жешти повеќе

(се) жештат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се пали, се возбудува.
Англиски: get excited Албански: nxehem, kallem
Примери:
Тој почна по малку да се жешти и да зборува секакви грубости.

жив повеќе

живи
Вид збор: Придавка
јасен, светол, изразит, лесно восприемлив
Англиски: vivid Албански: i gjallë
Примери:
жив опис, живо раскажување

живец повеќе

мн. живци
Вид збор: Именка, машки род
Енергично, нескротливо лице.
Албански: energjik, i gjallë
Примери:
Сиот е живец.

живодер повеќе

мн. живодери
Вид збор: Именка, машки род
суров, жесток, безмилосен
Англиски: scavenger Албански: i vrazhdë, i pamëshirshëm
Примери:
Тој е вистински живодер.

животно повеќе

мн. животни
Вид збор: Именка, среден род
груб, некултурен човек
Англиски: animal Албански: kafshë
Примери:
Подло животно беше тоа старче.

жиг повеќе

мн. жигови
Вид збор: Именка, машки род
Обележје, одлика што трајно се остава врз нешто.
Англиски: mark Албански: shënojë
Примери:
Оставил личен жиг.
Срам, лош белег врз името, врз личноста.
Англиски: shame Албански: turp
Примери:
Не може да се ослободи од тој срамен жиг.

жигоса повеќе

жигосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Осуди, обвини некого.
Англиски: presentence Албански: damkoj, gjykoj
Примери:
Писателот ги казнува и ги жигосува престапите.

жигосан повеќе

жигосаниот
Вид збор: Придавка
Што е осуден, обвинет.
Англиски: labelled
Примери:
Тој е жигосан како злосторник.

жилав повеќе

жилави
Вид збор: Придавка
Што е здрав, издржлив.
Англиски: resistant Албански: i fortë
Примери:
Тој е жилав човек.

жица повеќе

мн. жици
Вид збор: Именка, женски род
наследна особина
Албански: tipar trashigimorë
Примери:
Детево има таткова жица.
Посебна дарба за нешто.
Англиски: talent Албански: talent
Примери:
Тој има поетска жица.

жнее повеќе

жнеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Собира, добива плод, резултат од работа.
Англиски: collect Албански: vjel, mbledh
Примери:
Жнее успеси.

жолчен повеќе

жолчниот
Вид збор: Придавка
Што е пакосен, злобен, зајадлив.
Англиски: evil
Примери:
Жолчни напади.

жонглер повеќе

мн. жонглери
Вид збор: Именка, машки род
Тој што вешто ги мести работите, ги извртува фактите и зборовите како што му одговара.
Англиски: juggler Албански: zhongler

жонглира повеќе

жонглираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Си игра или ги измамува своите клиенти.
Англиски: juggle Албански: zhongloj, përqesh
Примери:
Жонглира со парите на муштериите.

жуберка повеќе

жуберкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи полека, бавно.
Англиски: saunter Албански: punon ngadalë
Примери:
Тој не се брзаше во ништо, жуберкаше низ дворот.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш